Трамп ги „помилува“ мисирите за Денот на благодарноста, шегувајќи се со импичментот

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот ги искористи обичајот на претседателското „помилување“ на мисирките во пресрет на Денот на благодарноста за да им се потсмева на омилените политички противиници во врска со многу теми.

„Путеру, ти посакувам многу среќа и со ова ти давам целосна прошка“, рече Трамп. Тој пред гостите и бројни новинари во градината на Белата куќа ги помилуваше двата мисира – Леб и Путер, почитувајќи ги обичаите на семејниот празник во текот на кој сѐ запира во САД, а се одбележува четвртиот четврток во ноември.

Двата мисира своите денови мирно ќе ги завршат во кампусот на „Virginia Tech“, 400 километри јужно од Вашингтон.

Претседателот Трамп во оваа пригода се пошегува во врска со постапката за негово отповикување од должноста, покрената против него и им се потсмеваше на демократските пратеници кои ја водат истрагата.

„За среќа Леб (Bread) и Путер (Butter) се одгледани да бидат мирни во секоја ситуација, што е многу важно, бидејќи веќе примија налог да се појават во подрумот на Адам Шиф“, рече Трамп алудирајќи на тајните сослушување на сведоците кои ги спроведува претседателот на специјалниот Комитет за разузнавање на Претставничкиот дом.

Трамп притоа се поигра и со двојното значење на англискиот збор „turkey“, односно мисир и Турција, потсмевајќи им се на обвинувањата од демократите дека и премногу е попустлив кон Анкара. Од него се бара да ги воведе санкциите против Турција поради нејзината набавака на руските противвоздушни ракетни системи „С-400“.

Конечно се шегуваше и со медиумите кои редовно ги обвинува дека поттикнуваат „лов на вештерки“ чија цел е самиот тој, велејќи дека овој денана новинерите ќе им остане во убаво сеќавање бидејќи „мисирте им се многу блиски на стрвинарите“.