Фудбалерите на Лече во стредбата од 14-то коло на италијанското првенство ја изненадија Фиорентина победувајќи ја минимално со 1:0 на нејзин терен.
Единствениот меч на натпреварот во Фиренца го постигна во 51 минута Андреа Ла Мантија. Со новите три бода Лече привремено скокна на 13-то место на табелата со 14 бодови, додека Фиорентина засега остана на 11-то место со 16 бодови.
Претходно Аталанта, исто така, на гости ја победи Бреша со 3:0. Хрватскиот интернационалец Марио Пашалиќ беше стрелец на првите два погодока, во 27 и 62 минута, а словенчкот репрезентативец Јосип Иличич погоди во последните мигови од мечот.
Аталанта со 25 бодови е моментално на четвртото место и бодовно се израмни со петтиот Калјари и шестата Рома кои своите натпревари од ова коло ги играат во недела. Бреша е последна 20-та со само седум бодови.
На гости победи и Торино со погодокот на Бремер во 78 минута, и тоа кај Џенова на македонскиот капитен Горан Пандев. Торино сега е привремено на 10-то место со 17 бодови, а Џенова останува со 10 бодови на 18-то место кое води во разигрувањето за опстанок во Серија А, моментално два бода помалку од зоната која обезбедува сигурно останување во лигата.
Јувентус е во водство со 35 бодови, еден повеќе до второпласираниот Интер и осум од третиот Лацио.
Во недела се играат натпреварите: Јувентус – Сасуоло, Парма – Милан, Интер – СПАЛ, Лацио – Удинезе, Наполи – Болоња и Верона – Рома, а колото во понеделник го заокружува мечот Калјари – Сампдорија.