
Во средбата од 16-то коло на француското фудбалско првенство, актуелниот шампион Пари Сен Жермен на својот „Парк на принцовите“ го победи Нант со 2:0.
Парижаните славеа со головите на Килиан Мбпапе во 52 и Нејмар во 85 минута од пенал.
Монако во Тулуз го победи истоимениот клуб со 2:!, а победникот го одлучи голот на Желсон Мартенс, во 84 минута. Екипата од Кнежевството поведе од пенал во 5 минута преку Бен Једер, а домажинот израмни исто така од пенал во 40 минута што го реализираше Јаје Санога.
Сен-Етјен со одлична игра, особено во првото полувреме, ја победи Ница со 4:1. Головите за домашните ги постина Денис Бианга во 11 минута од пенал и во 58-та, Ромен Умума во 38 и Весли Фофан во 40 минута, додека за гостите стрелец беше Каспер Долберг во 14 минута.
Дижон и Монпелје одиграа 2:2. Домашните поведоа уште во 2 минута со автоголот на Самбиа, а и следните два погодока беа дел о на гостите но во вистинската мрежа – Моје во 15 и Савание во 29 минута, додека бод за Дижон спаси Мавидиди во 72 минтуиа.
Со погодокот на Уну во 39 минута, Рен оствари гостинска победа кај Мец.
На табелата води ПСЖ со 36 бодови и меч помалку, Марсеј е втор со 31 бод, Бордо на третото место има 26 бодови, додека Лил и Сен-Етјен имаат по 25 бодови. Последните две места на табелата ги држат Нимс и Тулуз со по 12 бодови.