Застрелан полицаец во Топанско Поле

Полициски службеник е ранет попладнево откако забележал разбојништво и се обидел да го спречи. Настанот се случил на улицата Методија Митевски, во скопската населба Топанско Поле.

Полицаецот веднаш е пренесен и задржан во болница. Од МВР го потврдија инцидентот.

„На 08.12.2019 во СВР Скопје е пријавено дека во 17 часот на улоца Методија Митевски пред продажен објект, полицискиот службеник Ј.Ј., кој во моментот не бил на работа, се обидел да запре две лица за кои се посомневал дека ќе извршат кривично дело во објектот. Кон него бил испукан проектил од огнено оружје. Ј.Ј. се здобил со повреда во раката и бил префрлен здравствена установа за укажување на лекарска помош”. се вели во официјалната информација на МВР.