Крај Мароко спасени 70 мигранти, седум мртви

Брод на мароканската крајбрежна стража спаси 70 субсахарски мигранти од дотраено пловило во Средоземното Море и извлекол тела на седум загинати, соопштиле во понеделникот воени извори.

Бродот започнал да тоне ноќта кон понеделникот во Алборанското Море на крајниот запад на Медитеранот, а превезувал стотина мигранти кон Шпанија, објави шпанската фоднација Caminando Fronte, според којашто во морето исчезнале 24 лица.

Информациите на ова невладино здружение коешто ги следи движењата на мигрантите на Медитеранот сѐ уште официјално не ги потврдија властите на Мароко. Спасените, меѓутоа, меѓу кои има десет жени и едно мало дете, се наоѓаат во тешка состојба и се префрлени за грижа во Надор, на северот од Мароко, пренесува AFP повикувајќи се на неименуван воен извор. Меѓу смртно настраданите три се жени, додал истиот извор.

Околу 25.000 лица загинале од јануари 2014 година во обидот да стасаат до бреговите на Европа, според последните податоци на Меѓународната организација за миграции (IOM). Големо мнозинство настрадале во Средоземното Море.

Пловилата од Мароко често се обидуваат да стасаат до Канарските острови, шпанскиот архипелаг. Во бродоломот на почетокот од декември, на оваа ткн Атлантска рута загинале 62 мигранта, главно од Гамнија и Сенегал, според податоците на IOM.