И Македонија реши да се фати во чекор со европа и светот, каде државите една по една ги забрануваат пластичните кеси за употреба со цел да се заштити животната средина. Новиот Закон за управување со отпад кој треба да се доенсе в година, минималната цена на кесите што ќе се продаваат во продавниците ќе биде 10 денари. Граѓаните и фирмите ќе имаат рок од една година да се приспособат и да почнат да ги тргаат целосно од употреба пластичните кеси. Според Асоцијацијата за управување со отпад, целта е да се селектира отпадот и да се намали употребата на пластични кеси кои речиси не се разградуваат во природата.
Иако во Македонија имаше промени во законската регулатива и од 2013 година стана задолжителна употребата на биоразградливите кеси и се воведоа казни од 3.000 евра и за производителот и за трговецот ако не ги користи, сепак не се почитува ова законско решение и се уште се во употреба пластичните кеси.
Според повеќе истражувања, за да се разградат целосно пластичните кеси во природата потребни се околу 200 години.
Во Србија стапува во сила од следната година употребата на пластичните кеси, а во изминатите месеци синџирите за малопродажба ја воведоа употребата на хартиени кеси со што го намалија отпадот од пластични кеси во Белград за околу 60 проценти.
Европската Унија најави дека ќе забрани пластични производи за еднократна употреба, како што се сламки, вилушки и ножеви од 2021 година, додека за другите пластични производи е воведен краен рок за нивна употреба..
Германската влада, пак, ова есен усвои предлог-закон за забрана на пластичните кеси во малопродажба, со исклучок на помали кеси за пакување овошје и зеленчук. Во случај на непочитување на законот предвидени се казни до 100.000 евра, пренесе „Танјуг“.
„Пластичните кеси се симбол за залудно трошење ресурси. Нивното производство бара нафта, а во употреба се само неколку минути и често завршуваат во природата, каде што се потребни децении за да се разложат“, изјави германската министерка за животна средина, Свена Шулц, при претставувањето на законот.
Таа рече дека употребата на пластичните кеси е драстично намалена од 2016 година кога владата и трговците на мало се согласија да ги користат помалку, и тоа од 70 на жител во 2015 година на 20 во 2018. „Забраната треба да резултира со тоа употребата на пластичните кеси целосно да замре“, рече Шулц.
Оваа забрана не се однесува на кеси со дебелина под 15 микрометри, што значи дека таа не ги опфаќа кесите што во малопродажба и се користат за пакување овошје и зеленчук.