Шеесет и шестгодишна Романка починала откако добила тешки изгореници во пожар во текот на операција во болница кога несоодветно се користени електричен скалпел и средство за дезинфекција на база на алкохол, соопшти во понеделникот романското министерство за здравство.
Пациентката починала во неделата ноќта од изгорениците здобиени во текот на операцијата изведена на 22-ри декември во рамките на лекувањето од карцином на панкреасот.
Државниот секретар за здравство Хоратиу Молдован изјави дека „хирурзите морало да знаат дека е збарането да се користи средство за дезинфекција на база на алкохол во текот на операции кои се изведуваат со електричен скалпел“.
При допирот на скалпелот со запалливата материја пациентката се запилила, објави на Facebook пратеникот Емануел Унгуреану, повикувајќи се на сведочење на медицинскиот персонал во болницата „Флореска“ во главниот град Букурешт.
Бидејќи постоела голема закана пожарот да се прошири, една до болничарките истурила канта со вода врз пациентката на која ѝ изгорело 40 отсто од телото.
Министерството за здравство во понеделникот вети расчистување на „несреќниот инцидент“, за кој наводно дознало од неодамна објавените информаци во медиумите.
Семејството на жртвата навело дека медицинскиот персонал им соопштил дека во текот на операцијата се случила „несреќа“, но не им изнеле поединости за тежината на изгорениците, ниту за причината за тоа.
Романскиот болнички систем, покрај со големиот неодстиг од кадар, се соочува и со застарена опрема, истакнува агенцијата AFP.