Високо – моралното општество е потресено од сознанијата што правеле малолетници на платформата „Телеграм“ и какви вулгарни, порно и педофилски матерјали споделувале од свои врсници, позаници или пријатели и биле шокирани кој се’ бил таму.
Хелооооо! (чукање по глава, онака чврги кои проверуваат зрел ли е бостанот)
„Сопорпштењем“ на софрата, јавноста вознемирена, згрозена, шокирана, револт „институшните“ во Ред Алрет – висока нуклеарна фаза. Борбените одреди скришум веќе се на бусија, јуришните хеликоптери бешумно, како Сината Молња, левитираат и чекаат на нивните скенери за Елиен, кој ќе мрдне – цап! Детектив Рипли ќе ја среди целата работа со два одреда Алфи, ич гајле да немате. Па, луѓе, каде бевте досега? Што мислевте, што се има на нет? Бајки од Езоп?
Цинизам! Да, како поинаку за нешто што трае со децении?
Да, и не се извинувам поради тоа, бидејќи на овие работи укажував уште за време на мојата кариера во некогашното Канал 103 (лесна му земја). Се свестивте дури сега? На некоја си таму плтформа, депеша? Јас лично не ја знам, ниту користел, но споделување порно, гледање, праќање слики!?!?! Па, тоа трае од времето кога е воведен интернетот и го има на милион места!
Зошто не сум кажал? И тоа како сум укажувал!
А не, мене не со тие куршуми – како и за се’, кога јанкосвиењадебела ќе каже за некоја девијантна појава тоа се игнорира, освен ако не е за дневно политичка потреба за нови поен-аранажамни за некоја енџио. Постојано во комантари сум спомнувал и сега го повторувам, дека 90 % од содржините на интернерт се порно матерјали. Најчесто ја користам оваа реченица во разни варијации која најчесто им ја изговарам на гледачите – ЈА ИМЕМЕ ВИСТИНСКАТА АЛЕКСАНДРИСКА БИБЛИОТЕКА, СЕВКУПНОТО ЧОВЕКОВО ЗНАЕЊЕ НА ЕДНО МЕСТО И ЗА ШТО ЈА КОРИСТИMЕ? НАЈМНОГУ ЗА ПОРНОГРАФИЈА! – ова е статистички факт!
Што мислите како се случи Северина?
Одамна беше и памет не ви дојде, сите се кезевте, фаќавте сеир, викавте така и’ треба, сама си го објавила, ваква-онаква. Објави и Кардашијан и Париз Хилтон и кој се’ не и уште не ви се пали сијаличката? Нема разлиока дали сами сакале или партнерот намерно или ненамерно го споделил. Ништо не се презема!
Ми зовре!
Градевме општество каде децата нас не’ слушаа како се восхитуваме на партиски криминалци и нивниоит курназлак. Се восхитуваме на успехот на нечесните, девијантните и перверзните ги респектираме и гласно викаме дека би биле како нив, секоја јавна личност за која знаеме дека на неморален начин заработува ја лајкаме и следиме на мрежите. Јавни личности се сликаат со неморални и викаат тоа било демократија? Е, па еве ви ги плодовите! Се восхитуваме, коментираме, паѓаме у несвест кога ќе видиме усни напумпани како крањски колбаси, задници и предници пополнети со силикон кои наликуваат на фичо-абарт, е нешто што го руши интернетот од одушевување. Разни старлети, стании, крлежушии домашен ороспилак, чиј изглед е како реклама за бордел. Чуј, бордел е денес културан центар за ова што е на нет. Гледавме риалити шоуа кои ги пренесуваме без пардон и чекаме дали некој ќе се усере или некој пар на камера ќе се „опнат“, а ние воајрески ѕиркаме и коментираме па и на медиуми го прикажуваме. Криминал и корупција насекаде и секој кој нешто добро направи е прогласен за „лопов“ и секој „лопов“ го фалиме со алал да му е. И што мислевте? Кога сево ова јавно и пред нашите деца e предочено и го говорите и правите гласно и јаснопред нив, што мислите како им делува? Глумите доблест и морал, а и самите сте зацапани кој у воајеризам, комар, алкохол, дрога, пцуете и мразите ликови, оговарате, хејтате кого стигнете, спортисти, уметници. Би убиле за омилениот клуб, би егзекутриале за омилената партија. Корупција и врски за секој и за се’, тоа е начин на живот! Е, така ги воспитувате! Си ги оправдувате своите постапки!
И после се будите и квичите?
– Моето дете не е такво?!!! Секако дека не е, но го направивте, дури и несакајќи.
– Ама јас ништо од тоа не правев!!! А, дали детето твое забележа твој бунт против тоа, дали има некаква образба за вера, морал етика, љубов? Дали некогаш е причестено? Поповите не чинат – политичарот криминалец бил супер!?!? И? Ги тргнавте од Бог и сега се чудите што не снашло? Им пресудивте на свештните лица, вие со своите маани се ставивте како светилник и со својата огромна демек граѓанско-модерна „љубов“ да се оправда секоја абнормалност? Мислите дека морал со казна и строгото воспитување е израз на етика и доблест? Тоа само тоталитаристот во вас се воздигнува! Се отуѓивте од се’! Живееме во омразата едни од други и децата тоа го чувствуваат. Недостатокот на љубов од сите нас и кон нас на се она што они лошо го прават е само последица! Ние го изградивме или дозволивме ваквото општество. Безбожност до балчак! Секоја нивна постапка е само наш одраз во огледало, а не некоја ретка девијација, која ете, го разбранувала Шангри – Ла во нашиот сокак. Повеќето од инволвираните сега ќе тргнат во хајка дека неговото било супер, ама другарите го расипале, друг го навел, друг е крив… Не, сите сте подеднакво виновни исто како како и тие кои ви ги злоупотребиле децата. Тие да одговараат пред законот, а вие морално! Закон почитувате, ама кај ви е моралот?
Фрицл
Го паметите ли Јозеф Фрицл? Човекот кој си ја држеше во подрум и редовно силуваше родената ќерка на која и’ направи дете? Само што го упасија, уште не стигна до полициско комби, цел свет знаеше кој е, што е, кој е, како изгледа, што правел, кај правел! СЕ’! Кога скоро исто се случи кај нас (во повеќе наврати и уште погрозно на 3 малолетни деца, ептен мали) дежурните моралисти ги бранеа да не им се каже името, да се штитела прзеумцијата на невиност… За Фрицл има и на википедија, за нашите се’ е некаде бледо, никој не ни памти. Ало, подобри сме од Австрија, Британија, САД Имавме и страна со регистрирани педофили, како и сакаде во светот – што бидна со неа? Појма немате?!? Па, што очекувате? Денес тие дежурни моралисти се новинари на највисоки функции кои го кројат општеството, дебело финансирани од… си знаете кој.
Доцна е за нас и за вас, одамна отиде во „даркнет“… сега само ќе се замачка за да си смириме совеста, бидејќи ако не слушаме и гледаме – тоа не се случува. За жал, нема утеха – ќе биде уште полошо! Првиот чекор кон падот во мракот е оној миг кога ќе речеш – па што можев да направам?
Автор: Јанко Илковски за НетПрес