Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска најави дека САД ќе испрати дополнително авиони во Кина за да ги вратат нивните жители од провинцијата Хубеј.
– За времето на испраќање се уште се координираме со кинеската Влада. Треба да биде во наредните неколку дена. Ќе ги вратиме и американските државјани. Можеби ќе вратиме и некои граѓани од други земји. Работиме на тоа, рече Помпео за време на посетата на Узбекистан.
Тој додаде дека и САД планираат да испратат медицинска помош на Кина.
– Соработуваме со кинеската Влада и се обидуваме да го решиме овој светски епидемиолошки предизвик, рече Помпео.
Американските граѓани кои престојувале во провинцијата Хубеј по враќањето во САД ќе бидат ставени во двонеделен карантин.