Бројот на заразените со новиот тип коронавирус во централната кинеска провинција Хубеи надмина 58.000 лица, а во последното деноноќие регистрирани се нови 100 смртни случаи, соопштија ноќта кон понеделникот по македонско време тамошните здравствени власти.
За претходното деноноќие властите соопштија за повеќе од 56.200 заполени, 1.596 жртви и 5.623 излекувани. Така, според ажурираните податоци, официјалната стапка на смртноста во Хубеи изнесувала во последните 24 часа 2,91 отсто, во споредна со 2,83 отсто ден претходно.
Вкупно во провинцијата Хубеи, која е епциентарот на епидемијата, од крајот на ланскиот декември починале 1.696 лица.
Бројот на оздравените се зголемил на 1.016 луѓе, а вкупно до болниците биле отпуштени 6.639 лица. За споредба, една седмица претходно во текот на 24 часа на 91 починат имаше 356 излечени пациенти.
Во сооопштението се наведува и дека бројот на заразените лица во админситративниот центар Вухан, кој се смета за главен извор на епидемијата на пневмонија предизвикана од коронавирусот, надминал 41.100 лица. На второто и третото место се градовите Ксајоган и Хуанган, каде бројот инфицирани изнесувал околу 3.200, односно 2.800 лица. Уште во четири града во провинцијата Хубеи бројот на заболените надминува 1.000 луѓе.
Според извештаите од болниците во Хубеи, повеќе од 8.000 лица заразени е во сериозна здравствена состојба, а кај повеќе од 1.700 пациенти состојбата се оценува како критична. Под надзор на лекарите се 71.600 луѓе кои биле во непосреден контакт со заразените.