Шкотскиот фудбалски великан Ренџерс избори пласман во осминафиналето од Лига Европа откако во реваншот од 16-финалето на гостувањето ја совлада португалска Брага со 1:0, потврдувајќи ја победата од 3:2 од првиот дуел.
Брага во првиот меч во Глазгов имаше предност по еден час игра од 2:0, но Ренџерс во последните половина час направи целосен пресврт со три погодока. Но во реваншот португалскиот претставник речиси и да не го загрози посериозно голот на гостите, а решавачкиот погодок го постигна Рајан Кент во 61 минута.
Шкотите уште во првото полувреме можеа да обезбедат пламан, но не реализираа две одлични шанси, а потоа и пенал. Ренџер веќе во 9 минута имаа одлична можност, кога Скот Ерфилд ѝ побегна на домашната одбрана но несебично пред голот додаде до Флоријан Камбери кој лошо шутираше. Ренџер имаше стопроцентна можност и во 20 минута кога Јанис Хаци одлично се проби по крило и со повратна топка го проигра Рајан Кент, но англискиот играч шутираше крај голот.
Најдобрата шанса гостите ја имаа во последните поменти од првото полувреме, кога Раул Силва невнимателно играше со рака во својот шеснаесетник. Но Хаџци слабо биеше и неговиот удар го обрани Метјуз. Сепак Ренџерс дојде до водство во 61 минута, откако по брз противнапад која ја реализираше Кент.
Другите натпревари од 16-финалеот на Лига Евроа на распоред се во четврток.