Министерот за одбрана на Турција, Хулуси Акар изјави дека повеќе од 200 цели се гранатирани во Сирија по нападот на сириските сили во кој загинаа 33 турски војници и 32 се ранети.
– По подмолниот напад, со авиони, беспилотни летала и со копнена поддршка, извршен е интензивен напад врз повеќе од 200 цели на режимот, изјави тој.
Министерот Акар информираше дека во нападите се уништени пет хеликоптери, 23 тенкови, 23 топа и хаубици, по еден систем за одбрана SA-17 и SA-22. Акар додаде дека во нападите загинале 309 војници на режимот на Асад.