Авганистанскиот претседател Гани го одби барањето на талибаните за ослободување затвореници

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани го одби во неделата барањето на радикалното исламистичко движење Талибан за ослободување 5.000 затвореници како предуслов за преговири со владата во Кабул и цивилните власти, што е вклучено во американско-талибанскито договор потпишан во саботата во катарската престолнина Доха.

Изјавата на авганистанскиот претседател ги потврдува стравувањата за тешкотиите со кои ќе се соочат американските преговарали во настојувањата да издејстуваат преговори меѓу авганистанската влада и талибаните.

„Авганистанската влада не презема никава обврска да ослободи 5.000 талибански затвореници“, изјави Гани за новинарите во Кабул, по потпишувањето на договор за почетокот на постапките кој треба да резултира со политичко решение за да заврши најдолгото американско воени ангажирање во странство.

Според американско-талибанскиот договор, би требало забрзано да се работи на ослободување на воените и политички затвореници, како мерка за градење доверба со координација и согласност на двете завојувани страни во Авганистан. Според овој договор, до 10-ти март би требало на слобода да бидат пуштени до 5.000 талибани во замена за 1.000 припадници на владини сили на Авганистан.

„Одлуката за тоа не може да ја носат американските власти, тие само посредуваат“, одговори Гани на новинарско прашање за оваа тема.

Договорот во саботата во Доха го потпишаа специјалниот американски пратеник за Авганистан, Залмај Кализад и политичкиот водач на талибаните, мула Абдул Гани Барадар, во присуство на американскиот државен секретар Мајк Помпео.

По свеченоста Барадар се сретна со министрите за надворешни работи на Германија, Турција и Узбекистан во Доха, како и со дипломати од Русија, Индонезија и соседните земји, објавија талибнаните, што покажува дека движењето е решително во намерата да си обезбедни и меѓународен легитимитет.

„Функционерите кои се сретнаа со мула Барадар се доследни на авганистанската обнова и развој… американско-талибанскиот договор е историски“, соопшти во писмена изјава за медиумите, талибанскиот портпарол, Забиула Муџахид.

Соработниците на претседателот Гани оценуваат дека намерата на американскиот претседател Доналд Трамп да се сретне со талибаните може да претставува предизвик за владата во момент кога ќе започен повлекувањето на американските сили. САД планираат да го намалат бројот на своите војници во Авганистан во следните 135 дена од 13.000 на 8.600, а целосно да се повлечат по 14 месеци.