![Untitled](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/06/Untitled.png?resize=615%2C400&ssl=1)
Ракометната „треска„ до неделниот реванш дуел со Грција започна, а билетите за овој спортски спектакл ќе бидат пуштени во продажба в среда на 11 јуни. Цените на влезниците за овој натпревар ќе изнесуваат 300 и 400 денари, а за очекување е истите да бидат експресно разграбани.
Овој меч ќе биде последен во сезоната за сите наши ракометари и како потврда на успешната сезона, квалификацијата за мундијалот во Катар пред домашната публика би било идеално сценарио. Пласман на светското првенство треба да биде и прво доближување до ракометниот турнир на Олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016 година.