Голем пад на биткоинот: Зголемена продажбата поради коронавирусот

Пред точно еден месец, вирусот Ковид-19 беше само епидемија што ја зафати Кина и некои други земји, па инвеститорите во биткоинот бараа сигурност во време на економска неизвесност.

Во тоа време, побарувачката за најпопуларна криптовалута се зголеми, а нејзината цена по долго време го надмина прагот од 10.000 долари.

Но, со објавувањето на пандемијата и се повеќе сериозните ефекти од ширењето на коронавирусот врз економијата што ја гледаме ширум светот, реагираа и берзите, но и криптовалутите. Биткоинот и другите криптовалути се покажаа дека не се толку сигурни средства во време на можна рецесија, па започна голема продажба.

Во последните 24 часа, цената на биткоинот на тој начин опадна за повеќе од 25 проценти и падна на ниво од околу 6.000 американски долари.