![bolnica ljulbjana](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/03/bolnica-ljulbjana.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Во Словенија до четвртокот во 14 часот се регистрирани вкупно 319 случаи на зараза со коронавирусот, а во однос на ден претходно забележани се 33 нови случаи.
Словенечкото министерство за здравство објави на своите интернет страници дека се спроведени вкупно 9.860 тестирања.
Како што истакна инфектологто Бојана Беович, коај го води стручниот тим на државниот штаб за зауздување на епидемијата, во болнците има околу 40 заболени, од кои шест шациенти се на одделот за интензивна нега.
„Во болниците постепено ни доаѓаат луѓе кај кои бил потврден вирусот, но имале поблаги симптоми, а сега болеста напредуваше“, изјави Беович за јавниот национален радио-сервис.
Словенечката влада од четвртокот воведува уште построги ограничувања за да се спречи ширењето на епидемијата од вирусот меѓу популацијата.
Забраната за јавниот транспорт и ограниченото работење на продавнциите и локалите, како и преппораки за запирање на јавниот живот и социјална дистанца се на сила веќе неколку дена.
Според најавите на медиумите, од денеска ќе биде воведена построга забрана на собирања на населението како и за најмалата група луѓе на јавен отворен и затворен простор, со предвидени парични казни.
Покрај тоа, работењето на продавниците во недела, со исклучок на аптеките и бензиските црпки, целосно ќе биде забрането. Во продавнциите со животни продукти кои мораат да работат поради снабдување на населението, ќе се влегува регуларно во помали групи, со тоа што тие мора да обезбедат на секој купувач при купувањето да доаѓа најмалку 20 квадратни метри површина.
Предност при влегувањето во продавниците, особено во утринските часови, ќе имаат повозрасните лица и инвалидите, пренесуваат словенечките медиуми.