4.8 C
Skopje
четврток, декември 26, 2024

Чулев: Казни за сите кои со своето однесување ќе го нарушат угледот на полицијата

Техничкиот министер во МВР, Наќе Чулев упати апел до граѓаните и полициските службеници да бидат крајно внимателни со содржините и објавите на социјалните мрежи и воедно потенцира дека најостро ќе бидат казнувани сите лица кои со своето однесување ќе го нарушат угледот на полицијата.

„Во однос на информациите и фотографиите објавени во дел од медиумите на кои се гледа лица облечени во полициска униформа и на истите се гледа навредлив содржина поврзана со одлуката на владата, а кои се во насока на спречување на ширење на вирусот COVID 19 ја информирам јавноста дека:

Министерството за внатрешни работи веднаш ги презеде сите неопходни дејствија со цел утврдување на фактичката состојба и санкционирање на наведените сторители.

Притоа, истакнува дека на една од заедничките фотографии Министерството за внатрешни работи утврди дека станува збор за овластени полициски службеници и против истите согласно законските одредби ќе бидат преземи соодветни постапки од страна на Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди, а за исходот од истите благовремено ќе биде информирана јавноста.

Додека пак на фотографијата каде што стои само едно лице, Министерството за внатрешни работи утврди дека не станува за полициски службеник, туку за граѓанин за кои веднаш се преземени мерки од страна на ОВР по извршениот разговор ќе биде поднесена соодветна прекршочна пријава по член 23 од Законот за прекршоци против ЈРМ во висина од 600 до 800 евра глоба, заради лажно претставување на социјалните мрежи како полициски службеник.

Апелирам, граѓаните и полициските службеници да бидат крајно внимателни со содржините и објавите на социјалните мрежи и воедно потенцирам дека најостро ќе бидат казнувани сите лица кои со своето однесување ќе го нарушат угледот на полицијата“, напиша на Фејсбук техничкиот министер во МВР, Наќе Чулев.