Германија го одобри првото клиничко испитување на вакцина за Covid-19

Германската компанија BioNTech со седиште во Мајнц доби дозвола да ги спрове првите клинички испитувања на вакцина против новиот тип коронавирус, соопшти во средата на прес-конференција Клаус Цихутек, челникот на Институтот за развој и биомедицински лекови „Паул Ерлих“ во Ланген, кој е одговорен во Германија за одобрување и контрола на релевантните медицински продукти.

„Федералниот институт за вакцини и биомедицински препарати ‘Паул Ерлих’ го одобри првото клиничко испитување на вакцина за Covid-19 во Германија. Одобрувањето следува по темелната процена за потенцијалните придобивки и профилот на ризикот за кандидатите за пробното вакцинирање. Благодарение на прелиминарните интензивни научни консултации со BioNTech каде што се развива препаратот, Институтот го заврши процесот за четири дена. Тестирањето на кандидатит за вакцината врз луѓето претставува важна пресвртнициа на патот кон безбедни и ефикасни вакцини за Covid-19 за жителите на Германија и надвор од нејзините граници“, се наведува во писмената изјава на Клаус.

Дејството на супстанцијата ќе биде тестирана на 200 волонтери. Во првите две фази од тестирањето ќе биде испитувана подносливоста на вакцината. Цихутек очекува дека новата вакцина ќе биде конечно подготвена и одобрена за употреба следната пролет.

Компанијата „BioNTech“ соработува со фамацевтската компанија „Pfizer“ во развојот на лекови. Новиот препарат се однесува на групата таканаречени генетички вакцини, односно содржи во себе генетски информаци за предизвикувачот на болеста кои имунолошкиот систем ги користи во борбата против заразата. Во „BioNTech“ првенствено се развиваат методи за имунотерапија за ракот.

Претходно директорот на Институтот „Паул Ерлих“ рече дека првите клиничк ииспитуваа на вакцината против коронавирусот во Германија ќе започнат „многу скоро“. предвидува дека годинава во Германија ќе започнат клинички испитувања на најмалку четири потенцијални вакцини. Но тој повтори оти смета дека е „малку веројатно“ дека уште оваа година на пазарот ќе биде пуштена вакцина за широка употреба.

Според него, во светот во моментов се изведуваат 50 до 60 научни проекти за развој на соодветен препарат. Според инфорнациите на германскиот Сојуз на истражувачките фармацевтски компании, од избувнувањето на пандемијата на коронавирусот започнати се најмалку 80 проекти за пронаоѓање вакцина против виросот SARS-Cov-2. Четири вакцини веќе клинички се тестираат во Кина и во САД.