„Тајмс“: Починатите од Ковид-19 во британски домови за нега на стари лица ќе бидат повеќе од оние во болниците

Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во домовите за нега на стри и изнемоштени лица во Велика Британија може наскоро да бидат повеќе од оние во болниците. Тоа е поради фактот што тие луѓе се третираат како граѓани од втор ред, објави Тајмс.

Новите податоци укажуваат дека неделата до 17 април биле регистрирани трипати повеќе смртни случаи (7.316) во такви установи во споредба со крајот на минатиот месец.

Експерти предупредуваат дека е можно пикот на смртните случаи во домовите за стари лица се уште да не е достигнат, наведува Тајмс.

Дејвид Шпигехалтер, статистичар од универзитетот Кембриџ, изјави дека дури и кога случаите се намалувале на национално ниво, заразата е се уште огромен проблем во домовите за нега на стари лица.

„Она што го гледаме е масовно зголемување на смртните случаи“, рече тој.