![janez jansa sedi](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/05/janez-jansa-sedi.jpg?resize=696%2C500&ssl=1)
Словенечкиот премиер Јанез Јанша за во понеделник го свика Советот за национална безбедност, а на дневен ред ќе биде продолжувањето на борбата со коронавирусот и оценка на ризиците за сајбер безбедноста поврзано од 5Г технологијата, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Советот ќе се состане во 11 часот во Брдо крај Крањ, а поканети се претседателот на државата Борут Пахор, на Собранието Игор Зорчич, министерот за здравство Томаж Гантар, како и Марјан Шарец како претставник на најголемата опозициска партија.
На советот ќе се разгледа и провери државниот план за продолжување на борбата со епидемијата на коронавирусот. Дополнително ќе учествува и директорот на Словенечката безбедносно-разузнавачка агенција Јанез Струшек, кој ќе се вклучи во разговорите за безбедносните и сајбер ризици од 5Г технологијата за која веќе има план да се воведе во земјата.
Ова ќе биде втор состанок на Советот за национална безбедност, откако Јанша ја презема власта.