ВМРО-ДПМНЕ има над 7 отсто предност пред СДСМ кај македонското гласачко тело

Во анкетата којашто во неделата ја објави порталот МКД.мк, опозицската ВМРО-ДПМНЕ е во водство од два процентни поена пред владејачката СДСМ во истражувањето меѓу целокупното население во земјата, но разликата за повеќе од трипати се зголемува кога станува збор за расположението кај македонскиот дел од електоратот.

Меѓу определените гласачи повеќебројни се оние што ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ (14,6 отсто),  а за СДСМ ќе гласаат 13 отсто од определените гласачи.

Меѓу македонското гласачко тело, пак, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 21,5 отсто, а за СДСМ 14,2 отсто од определените гласачи. Кај гласачите на СДСМ бројот на Албанците поддржувачи на оваа партија е 6,6 проценти, покажува истражувањето што го спровела агенцијата Маркетвижн.

 

Ваквото расположение очигледно покажува дека Македонците партијата предводена од Зоран Заев, освен за лошите политики во економијата, сметаат и дека преземала катастрофални и разорни чекори во однос на националните интереси. Во прв ред со ткн Преспански договор со Грција со кој беше сменето уставното име на државата, а потоа и Договорот за добрососедство со Бугарија, според кој Македонија ќе мора да се откаже , како од своето малцинство во соседната држава, така и од личносите значајни во нејзинат историја, па и од јазикот.