Вицепремиерот Бујар Османи, на партиска прес-конференција во ДУИ, најави дека покрај денешниот трет пакет економски мерки, постигнат е договор и за уште две други мерки.
„Предлогот е медиумските работници да бидат ослободени 50 проценти од придонесите во текот на три месеци, а останатиот дел да се репрограмира за плаќање на рати од септември. Истиот треба да се усогласи во смисла на правната рамка“, рече Османи.