Кон: Србија излегува од епидемијата, носењето маски на отворено е бесмислено

Епидемиологот Предраг Кон од српскиот Кризен штаб за борбата против коронавирусот смета дека неговата земја се наоѓа на излезот од епидемијата, но мора да се почека процентот на нозаразени меѓу тестираните лица да паден под 0,5 проценти, за да може да се каже дека слуѕчајите кои ќе се појавуваат се инцидентни.

Според епидемиологот Кон домовите за грижа на стари лица нема да бидат отворени за контакти додека вирусот целосно не исчезне. Самодговорноста луѓето мораат да ја задржата на високо ниво, бидејќи не е исклучена можноста вирусот да влезе во домовите за стари лица, каде оваа група на граѓани е многу осетлива и ранлива.

Во месец јуни во Србија можат да се очекуваат и „џепови“ од епидемијата, но не и сериозни закани.

Според Кон носењето на маските на отворено е бесмислено, бидејќи со држењето на растојанието од два метри меѓу луѓето тие се безбедни од пренесување на вирусните капки. Заштитните маски се неопходни, за постарите лица од 65 години и хронично болните лица се додека не биде објавено дека вирусот е истребен, па и тие да можата да се опуштат.