Заштита и промоција на економските и на професионалните интереси на членовите, како и развој на односите меѓу бизнис заедниците меѓу двете земји се целите на Здружение на грчки бизниси во Северна Македонија што се формира во четвртокот во Скопје, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.
Основачи на Здружението се 16 големи грчки компании во нашата земја, а за претседател е избран Арис Влахос, додека пак во управниот одбор учествуваат претставници на Стопанска банка, на ЕДС, на „Усје“ и на „Интракат“.
„Се стремиме да станеме мост за комуникација меѓу бизнисите од двете земји и да ги браниме интересите на грчките компании во Северна Македонија, рекол Влахос, според АНА-МПА, и додал дека еден од приоритетите на Здружението е соработка со надлежните тела од двете земји.