1.8 C
Skopje
понеделник, декември 23, 2024

Кина стави во карантин 500.000 луѓе

Само едно лице од домаќинството може да излезе и тоа еднаш во денот за купување на храна и лекови.

Кина прогласи карантин за скоро 500.000 луѓе во близина на главниот град Пекинг, каде од средината на мај коронавирусот повторно се шири, а властите ја опишуваат состојбата како „сериозна и комплицирана“.

Таа азиска земја во голем дел ја запре епидемијата. Но, 300 нови случаи на заразата во Пекинг за нешто повеќе од две недели поттикнува став од втор бран на заразата.

Градската управа веќе започна голема кампања за тестирање, затворени се училиштата, жителите на Пекинг се повикани да не го напуштаат градот и за илјадници луѓе е прогласен карантин во станбените квартови кои се оценети како ризични.

Само едно лице од домаќинството ќе може да излезе и тоа еднаш во денот за купување на храна и лекови.

Кинеското министерство за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 14 новозаболени во Пекинг, па нивниот вкупен број после повторното ширење на епидемијата се искачи на 311.