Старлетата Накова ќе одговара за сторено кривично дело

Како што претходно беше објавено во медиумите, поранешната манекенка и старлета Александра Накова (Гајдаџев) во четвртокот рано попладнето била уапсена во Гевгелија, бидејќи не го почитувала решението за самоизолација.

По апсењето, Накова била спроведена во државен карантин а за делото бил известен и јавен обвинител.

„На ден 02.07.2020 во 14:30 часот, на базен во Гевгелија, лишена е од слобода А.Г.(31) од Гевгелија, која не се придржувала на одлуката на Владата и решението за самоизолација од Државен санитарен и здравствен инспекторат“, информираат од МВР.

Оттаму посочуваат дека по комплетирање на случајот, за Накова-Гајдаџиев ќе биде изготвен поднесок за сторено кривично дело казниво по чл.205 и чл.206 од Кривичниот законик.

Известен е Јавен обвинител, а лицето било спроведено во државен карантин.