Капитенот на новиот англиски фудбалски шампион Ливерпул, Џордан Хендерсон, е избран за најдобар фудбалер во штотуку завршенара сезона во Англија, во изборот на Здружението на фудбалските новинари (FWA).
Овој триесетгодишен играч од средниот ред кој во 30 настапи сезонава постигна четири погодоци и уште пет пати асистираше е првиот капитен на Ливерпул кој во последните 30 години го подигна шампионскиот пехар.
Стандардниот играч на англиската репрезентација претходно беше избран за најдобар во гласањето на колегите фудбалски професионалци.
Хендерсон во изборот победи убедливо пред халфот на Манчестер Сити, Белгиецот Кевин де Бруjн. Меѓу петмината најдобри се и Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтеед и уште двајца клупски соиграчи на Хендерсон – Вирџил ван Дијк и Садио Мане.
Хендерсон е трет играч на Ливерпул во последните седум години кој е избран за најдобар играч во сезоната, по Луис Суарез во 2014 година и Мохамед Салах во 2018 година.
„Не се чувствувам како да сум направил нешто оваа сезона, дури ни во кариерата. Се надевам дека оние што гласаа за мене, исто така, го признаа влијанието на целиот тим“, рече Хендерсон