Бројот на починатите од новиот коронавирус во Шпанија би можел да биде поголем за 16.436 лица од официјалните податоци на министерството за здравство, односно да изнесува 44.868 починати, објави во неделата тиражниот весник El Pais, повикувајќи се на сопствените пресметки.
Според официјалните податоци, од 13-ти февруари кога е забележан првиот смртен случај од Covid-19 во Шпанија, починале 28.432 пациенти. Вкупниот број заразени, пак, според министерството за здравство изнесува 272.421 лице. Досега во официјалната статистика се вклучени само жртвите на пандемијата кај кои е направен тест на коронавирусот кој бил позитивен.
Од своја страна, пак, El Pais, на оваа бројка ги додала и починатите „со сомневање на Covid-19“. Земајќи ги предвид регионалните статистики за починатите, кај кои е потврден коронавирусот и кај кои постоело сомневање на неговот присуство, весникот дошол до бројката од 44.886 смртни случаи, што е за 60 отсто повеќе од официјалниот показател.
Поради тоа што тестирањето не е репирено, особено во првата фаза од епидемијата, официјалната бројка може да биде помала од вистинските размери на инфекцијата, како и во многу други земји, наведува El Pais.
Весникот појаснува дека владиниот Институт за здравје Карлос Трети на дневно ниво ја следи смртноста во земјата користејќи ги податоците обезбедени од службите за матична евиденција. Институтот ги зема предвид просечните стапки на смртност во последните 10 години и ги споредува со моменталната состојба. Показателите за периодот од 14-ти март, кога во Шпанија е воведена вонредната ситуација, до 22-ри мај укажува на 44.118 починати повеќе отколку просекот во претходните десет години во истиот период.
Според Националниот институт за статистика, пак, во Шпанија од 1-ви јануари до 24-ти мај годинава починале 44.395 лица повеќе отколку во истиот период минатата година.