Италијанец и Австриец sе упасени во туристичка населба во Ровињ откако фотографирале деца без облека, па се осомничени за искористувањето деца за порнографија, потврди во неделата полицијата на Истра.
Ова се нови слични случаи, откако пред една седмица 44-годишен германски државјанин беше уапсен во камп во Ровињ, бидејќи неовластено снимал и форографирал разголени деца со пенкало во кое била интегрирана камера, а снимките притоа ги чувал на СД картичка.
Полицијата во Ровињ во саботата попладнето примила пријава дека во туристичка населба е забележан маж кој форографира деца без облека. Било утврдено дека станува збор за 46-годишен италијански државјанин кој веднаш е уапсен и осомничен за искористување деца за порнографија.
Вториот случај се одиграл во четвртокот во истата населба на Ровињ, кога обезбедување на кампот „Валалта“ забележало 38-годишен Австриец кој покрај базен со камера интегрирана во рачен часовник, снимал и форографирал деца без облека како се капат во базенот.
За Австриецот полицијата веќе утврдила дека го сторил кривичното дело, откако со претрес меѓу неговите работи биле најдени уште три рачни часовници со вградени камери, како и две пенкала кои исто така имале камери во себе.