Капитулацијата на градоначалникот на Скопје пред комарците ја покажува сета неспособност на градоначалникот и администрацијата во водењето на градот. Градот Скопје само оваа година ќе потроши 67.291.140 денари за прскање против комарци, односно еден милион и сто илјади евра а ефектот е никаков и преставува целосна капитулација. Кога Шилегов троши над еден милион евра за прскање против комарци, а ќе се случи наезда, тоа се вика криминал и расипништво за кое мора да се одговара, се вели во соопштението на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Шилегов потроши над еден милион евра за ефект кој е еднаков на нула. Членот 353 од Кривичниот законик е јасен ако сторителот на делото со неизвршување на своето овластување и должност предизвика поголема имотна штета или потешка повреда правата на друг, истото ќе биде казнето. Оттука Шилегов и во најмала рака да имал најчесна намера еден милион евра ќе бидат потрошени, а ефектот е еднаков на нула за што мора да понесе одговорност. Смешни и неиздржани се оправдувањата како само прскањето против комарци во Скопје престанува да има ефект, а во сите други главни градови има резултати. Исто така неболузни се и несериозни тврдењата на Шилегов за некакви вонредни армии на комарци кои го изненадиле градот поради врнежливото време. Прво чекаа да настане проблемот па реактивно да се делува, истакнуваат ор опозицијата.
Тоа е израз на неспособност на Шилегов и градот во справување против комарците, додаваат од таму.