Официјална Москва во средата повтори дека е заинтересирана и подготвена за целосна соработка со Германија во случајот на наводното труење на рускиот опозициски блогер Алексеј Навални но го критикуваше Берлин дека води „политика на мегафони“ наместо да ги користи вообичаените канали.
Руското министерство за надворешни работи ја обвини Германија дека води „дипломатија преку мегафони“ и дека ја заменила „нормалната соработка со информативна кампања игнорирајќи ги правните механизми на меѓународната соработка“.
Рускиот амбасадор во Берлин, Сергеј Нечаев, кој во средата беше повика во германското министерство за внатрешни работи, „бараше докази но не доби никаков одговор, никаква информација“, изјави портпаролката на руската дипломатија, Марија Захарова.
Претходно портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за агенцијата РИА ги повтори ставовите дека Москва е подготвена за соработка со Германија. Тој, исто така, истакна дека Германија официјално сѐ уште не ја известила Русија за своите заклучоци и докази, иако станува збор за руски државјанин.
„Потврдуваме дека сме подготвени и заинтересирани да соработуваме и да разменуваме информации за оваа тема со Германија. Руското државно обвинителство испрати официјално барање до германската срана во надеж дека ќе добие официјален одговор. Нашите лекари, исто така, предложија службена размена на информациите, меѓутоа, за жал, не добија официјален одговор од германските колеги“, изјави Песков.
Велика Британија ја повика во средата Русија да ја „каже вистината“ за Алексеј Навални, за кој Берлин смета дека е отруен со нервниот гас новичок, кој претходно не го открија три германски лаборатории кои ги проучуваа премироците од рускиот блогер, но го открила лабораторијата на германската армија Бундесверот десет дена откако тој од болницата во Омск беше пренесен во берлинската болница „Шарите“.
Британското министерство за надвореши работи оценува дека „целосно е неприфатлива употребата на забрането хемиско оружје“. „Целосно е неприфтливо дека тоа забрането хемиско оружје повторно е употребено и дека цел на насилството повторно е лице од руската опозиција“, истакнува британската дипломатија во соопштение.
„Руската влада мора да ја каже вистината што се случувало со Навални… Тесно ќе соработуваме со Германија, нашата сојузничка и меѓународноте партнери за да покажеме дека постојат последици од користењето на хемиското оружје каде и да е во светот“, се додава во соопштението.
Белата куќа во средата соопшти дека е „многу загрижена“ од тоа што резултатите од медицинските истражувањ во Германија за Алексеј Навални укажуваат на труење.
„САД се многу загрижени од резултатите за труењето на Алексеј Навални и го осудуваат тој чин. Русија веќе ја користела невротоксичната супстанција новичок“ соопшти Советот за национална безбедност на Белата куќа и прецизира дека Вашингтон „ќе работи со сојузниците за да одговараат одговорините за тоа во Русија“.
„САД немаат причина да се сомневаат во заклучоците на германската влада дека Навални е отруен со нервниот отров новичок“, рекол во средата неименуван извор од американската администрација за Reuters.
Истиот анонимен извор рекол дека „користењето на новичок“, со кој во 2018 година, како што тврди Лондон, е отруен поранешниот двоен руско-британски шпион Сергеј Скрипал кој по пресудата во Русија беше разменет и се пресели во Англија, „покажува дека Путинн не се двоуми да се наврти на поединци за кои смета дека го загрозуваат“.
За волја на вистината Навални го загуби рејтингот во руската опозиција пред десет години по што се ориентираше на борба против корупцијата со формирање на Фондацијата за борба против корупцијата и на блогерски објави. Повеќепати беше привремено притворан поради организирање неодобрени протести, а медиумите на Западот го претставуваат како лидер на руската опозиција.
Европската унија во средата „најсилно го осудува труењето“ на Навални и ја повикува Русија „целосно да го истражи овој обид за убиство и одговорните да ги изведе пред суд“. „Употребата на хемиско оружје во кои било околности е целосно неприфатлива и преставува кршење на меѓународните закони“, порача Високиот претставник на ЕУ за надворешна политија, Жозеп Борел.
„Навални е жртва на ужасен и кукавички потег“, додаде претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.