Две лица повредени по судир на возило за сечење дрва во Прилеп

Двакца прлепчани во петокот се тешко повредени откако со возилото машина за сечење дрва се удриле во ѕуд, информираше во саботата министерството за внатрешни работи.

На 04.09.2020 околу 20 часот било пријавено дека на улицата „Тризла“ во Прилеп 39-годишниот С.С. од Прилеп, управувајќи машина за сечење дрва „аран“ удрил во ѕид.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Б.М., кој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, а со повреди се здобил С.С.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициска станица Прилеп.