Денеска регистрирани 148 нови случаи на Covid-19, тројца починати

Во последното деноноќие во Македонија со 1.224 спроведени тестирања на коронавирусот, потврдени се нови 148 случаи на заразата, оздравени се 65 пациенти, а забележани се три нови смртни исходи од Covid-19, соопшти во неделата министерството за здравство.

Во болнички услови се починати тројца пациенти, на 62-годишна возрат од Прилеп, од Кочани на 87 и од Гостивар 64-годишна возраст.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 17.629, бројката на оздравени пациенти е 14.581, на починати е 725. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.323.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 72 пациенти. На кислородна поддршка се 30 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 2 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца  и 2 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примен е 1, а вкупно хоспитализирани се 39 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 15, а во болницата во Штип се 37 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 165, позитивни и сомнителни на заразата.

Новите случаи на коронаинфекција се регистрирани во: Скопје-50, Куманово-4, Дебар-2, Штип-2, Прилеп-9, Тетово-11, Велес-2, Битола-6, Кавадарци-6, Гостивар-3, Гевгелија-1, Струмица-6, Крива Паланка-3, Радовиш-1, Кочани-18, Берово-11, Валандово-1, Свети Николе-6, Кичево-5 и Неготино-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 65 оздравени пациенти од: Скопје-15, Куманово-5, Штип-6, Прилеп-3, Тетово-3, Струга-2, Велес-1, Битола-4, Охрид-5, Кавадарци-1, Гостивар-6, Струмица-4, Крива Паланка-2, Радовиш-2, Кочани-6.

Од вчера се регистрираат два контролни теста, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

  • Скопје 6881, активни 684
  • Куманово 1745, активни 182
  • Дебар 284, активни 42
  • Штип 1251, активни 53
  • Прилеп 667, активни 128
  • Тетово 1424, активни 174
  • Струга 664, активни 58
  • Велес 319, активни 34
  • Битола 296, активни 59
  • Охрид 421, активни 44
  • Кавадарци 236, активни 49
  • Гостивар 928, активни 103
  • Гевгелија 125, активни 53 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 17 на Богданци и 12 се странски државјани)
  • Струмица 233, активни 150
  • Крива Паланка 107, активни 29
  • Радовиш 76, активни 18
  • Крушево 20, активни 3
  • Кочани 340, активни 149
  • Пробиштип 110, активни 21
  • Демир Хисар 61, активни 2
  • Македонски Брод 92, активни 13
  • Пехчево 43, активни 3
  • Берово 102, активни 38
  • Валандово 31, активни 22
  • Виница 108, активни 29
  • Делчево 159, активни 85 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
  • Кратово 24, активни 0
  • Свети Николе 341, активни 37
  • Кичево 324, активни 39
  • Ресен 164, активни 16
  • Неготино 53, активни 6 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1224 теста се преку: ИЈЗ-488, ЦЈЗ Скопје-24, Авицена-297,  Биотек-87, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-72, Систина со PCR метода -106, лабораторија Лаор –61, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-58, Инфективна клиника-0, ГАК-16, Синлаб-15, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 185.321 тестирања на Ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.

 

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

  • Чаир – 59
  • Гази Баба – 80
  • Аеродром – 109
  • Карпош – 83
  • Центар – 96
  • Кисела Вода – 79
  • Ѓорче Петров – 50
  • Бутел – 31
  • Шуто Оризари – 17
  • Студеничани – 9
  • Сарај – 12
  • Арачиново – 5
  • Илинден – 28
  • Сопиште – 3
  • Чучер Сандево – 5
  • Петровец – 7
  • Зелениково – 2
  • Странец – 7
  • Нераспределен-2