Реми на Лион и Марсеј, Рен го презема водството

Во дербито на шестото коло на француското фудбалско првенство, Лион и Марсеј одиграа 1:1.

Гостите поведоа во 16 минута со голот на Дмитриј Паје,, но само три минути подоцна истиот играч дони црвен картон поради остар старт врз Лео Дубоа. Лион со играч повеќе израмни во 28 минута преку Хусем Ауро од пенал. Во 43 минтуа Тино Кадевера постигна гол за водство на домашните, но беше поништен поради офсајд по преглед на видео снимката.

Рен дома ремизираше 2:2 со Ремс, но и со овој еден бод го презема водството на табелата. Гостите поведоа, но Рен направи пресврт, а Ремс сепак успеа на крајот да извлече бод. За Рен стрелци беа Рафиња во 24 и Дамиен Да Силва во 37 минута, а за гостите Јунис Абделхамид во 11 и Булеие Диа во 66 минута.

Брест му го нанесе вториот пораз сезонава на Монако, а стрелец на решавачкиот погодок беше Ромен Гевре во 8 минута. Монако имаше огромна надмоќ изразена со 72 отсто посед на топката, 19 удари кон противничкиот гол и 8 корнери, но не успеа да ја скрши домашната одбрана.

Бордо убедливо со 3:0 го победи Дижон. Стрелци за домашнит беа Реми Уден во 11, Самуел Калу во 29 и Тома Башиќ во 89 минута.

Со идентичен резултат Лил на гостувањето го совлада Стразбур. Мехмет Челик во 21, Ренато Санчез во 54 и Бирак Јилмаз во 68 година беа стрелци за гостите.

Мец воден од тројниот стрелец Ибраим Ниане, во 44 од пенал во 59 и во 64 минута го победи Лориен со 3:1 за кој стрелец беше Амел во 36 минута.

На табелата води Рен со 14 бодови, колку што има и второпласираниот Лил, додека Ленс инма 13 бодови, а актуелниот шампион ПСЖ е четврти со 12 бодови.