![nant korona pozitivni](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/10/nant-korona-pozitivni.jpg?resize=696%2C384&ssl=1)
Двајца соиграчи на македонскиот најдобар ракометар Кире Лазаров се позитивни на коронавирус, односно Ковид 19. Францускиот клуб Нант ја соопшти информацијата, додавајќи дека и двајцата веќе се наоѓаат во изолација.
Во текот на денот ќе се тестираат сите ракометари, па ќе се види каква е состојбата.