![Dmitri Peskov](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/05/Dmitri-Peskov.jpg?resize=696%2C374&ssl=1)
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков ги негираше британските наводи дека Русија спроведува кампања за дезинформации за вакцината против коронавирус, развиена во Оксфорд.
Напротив, Русија продолжува да се залага за меѓународна соработка за време на пандемијата, но исто така со гордост зборува за успехот на сопствената вакцина, рече Песков, пренесе ТАСС.
„Русија никогаш не дезинформира, Русија гордо зборува за своите успеси, Русија ги споделува своите успеси во врска со првата регистрирана вакцина во светот, чија ефикасност е веќе докажана во многу наврати“, рече портпаролот на Кремљ.
Тој посочи дека Русија е таа што се залага за меѓународна соработка во овој тежок период на пандемија.