Во Албанија, каде дневно во просек овој месец се регистрираат по 250 нови случаи со короанвирусот или повеќе од 20 отсто од тестраните, во петокот е регистрана најмладата жртва од опасниот вирус
Станува збор за момче на 21-годишна возраст од Елбасан, кое е еден од четворицата починати пациенти во последното деноноќие. Меѓу нив е и познатиот албански професор доктор 86-годишниот Елмаз Елези, поранешен директор на Инфективната клиника во Тирана.
Меѓу вкупно 469 починати досега најмладата жртва беше 23-годишна девојка.
Денеска во Албанија е регистриран нов рекорд на новозаболени или 306 од тестираните 1.412 сомнителни случаи, што е околу 22 отсто од тестираните.
Загрижувачки е и бројот на оние на кои им е потребно болничко лекување. Од 7.621, колку што се активни на болеста, моментно во двете Ковид болници хоспитализирани се 260 пациенти, од нив 15 се на интензивна терапија, додека шестмина се интубирани.
Од почетокот на пандемијата, во првите денови на март тестирани се вкупно 114.381 лице, позитивен резултат е добиен кај 18.556, додека оздравеле 10.466 (71 во последното деноноќие)