Трет ден со ред рекорден број коронаинфекции во светот, Франција првпат со над 50.000 случаи

Светската здравствена организација (СЗО – WHO) објави во неделата дека во саботата се соборен новиот рекорд во светот кога станува збор за бројот на заразените со коронавирусот, трет ден со ред.

Според светските статистики на СЗО, во саботата беа потврдени 465.319 заразени, во петокот 449.720 а во четвртокот 437.247 нови коронаинфекции, според показателите на агенцијата AFP.

Но овие податоци не ја даваат вистинската слика на пандемијата, бидејќи на бројките влијае бројот на тестовите кои се спроведуваат. Северната хемисфера се наоѓа во „критичен момент“ од пандемијата, предупреди во петокот директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус, оценувајќи дека преголем број земји бележат експоненцијален раст на бројот на заразите, а е октомври и се очекуваат допрва постудените месеци кои погодуваат за ширење на заразите. Се смета дека следните месеци ќе бидат особено тешки.

 

Европа соборува рекорди.

Во Франција во неделета се потврдени 52.010 нови случаи на коронаворусот во последните 24 часа што е нова рекордна бројка, покажуваат податоците на Santé Publique, агенцијата на министерството за здравство. Ова е првпат, според официјалните податоци, Франција за забележи повеќе од 50.000 зарази во едно деноноќие. Ден претходно беа пријавени повеќе од 45.000 коронаинфекции.

Според податоците на агенцијата, вкупно во Франција од почетокот на епидемијата во февруари, потврдени се 1.138.507 случаи на Covid-19, а со 116-те смртни исходи во последните 24 часа бројот на починатите вкупно изнесува 34.761.

Во последното деноноќие хоспитализирани се уште 12.176 Французи со Covid-19, а 1.816 од нив се примени на одделите за реанимација.

Бројот на заразените во Холандија во последните 24 часа се зголемил за повеќе од 10.000, што е нов рекорд, пренесува Reuters. Националниот институт за јавно здравје објави во неделата дека се потврдени 10.203 коронаинфекции. Холандската влада на 14-ти октомври воведе делумен карантин за да го сузбие ширењето на вирусот, вклучително и затворање на сите кафулиња и ресторани во земјата.

Рекорд постави и Словачка, надминувајќи го првпат прагот од 3.000 заразени во 24 часа, пренесува агенцијата DPA. Премиерот Игор Матович објави на Facebook во неделата дека се потврдени 3.042 новозаразени. Додаде дека тоа потврдува дека владата била во право за воведување карантин во целата земја.

„Но самиот карантин како што е спроведен во Словачка, така што милиони луѓе одат и натаму на работа, не може да биде доволна. Нашето масовно тестирање има според тоа клучна улога во зауздувањето на пандемијата“, напиша Матович.

Во неделата навечер ќе заврши првата фаза од досега незапаметеното масовно тестирање во Словачка чија цел е да да се опфати речиси целото население на земјата. Од петокот, под водство на министерството за одбрана, сите граѓани постари од 10 години во четирите особено погодени окрузи на границата со Полска се подложени на тестирање со брзи антиген-тестови. Остатокот од земјата, речиси пет милиони луѓе, ќе бидат тестирани следните два викенда.

Ограничувањето на движењето на национално ниво воведено е од саботата. До 1-ви ноември смее да се оди само на работа, за купување храна и лекови или за вршење други неопходни или итн работи. Од понеделник сите ученици од петто одделение во основното образование на неодредено време ќе се префрлат на онлајн настава.

Бројот на новозаразените на 100.000 жители во текот на 14 дена во неделата во Словачка изнесувше 403,7 според податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болестите (ECDC).

Нов рекорд е забележан и во Данска, во пресрет на воведувањето забрана за точење алкохол навечер и построгото ограничување на јавните собири.

Данскиот институт за јавно здавје (SSI) во неделата објави дека во последните 24 часа се потврдени 945 новозаразени, додека во петокот ги имаше 859. Пред еден месец, Данска бележеше по околу 450 новозаразени во 24 часа, потсетува агенцијата DPA. Данска, која има 5,8 милиони жители, од почетокот на епидемијата досега забележа околу 40.300 заразени и 702 смртни исходи како последица на компликации предизвикани од Covid-19.

Продажбата на алкохол ќе биде забранета од понеделник по 22 часот, во согласност со пораното затворање на рестораните и другите угостителски објекти. Од понеделник, исто така, ќе биде дозволено собирање на најмногу десет лица на приватни и јавни настани, додека досега беа дозволени собирите до 50 лица.

За да ги ублажи негативните последици од изолацијата, данската влада во неделата објави дека планира да додели 8 милиони евра за културниот и непрофитниот сектор.

Шпанија воведува нова вонредна состојба во претстојниот шестмесечен период, а ќе ја следат полициски час во целата земја, со исклучок на Канарските острови.

Вкупниот број заразени во Шпанија од почетокот на епидемијата според специјализираната интернет страница Worldоmeter изнесува 1.110.372 лица, од кои починале 34.752 луѓе.

Шпанија, се чини, се соочува со неконтролиран пораст на бројот на новозаразените. Премиерот Педро Санчез рече дека во таков контекст воведувањето „вонредна состојба е најефикасната мерка за исправување на кривата на заразата“.

Италија забележа во неделата нови 21.273 случаи на коронаворисот од кои 45 отсто се асимптоматски и 128 смртни исходи, според податоците на министерството за здравство објавени во неделата вечерта. Земјата бележи речиси 530.000 случаи на заразата и околу 37.500 смртни исходи.

Претходно премиерот Џузепе Конте најави дека баровите и рестораните мора да затвораат во 18 часот, како и дека кино салите, фитнес центрите и базените ќе бидат затворени во рамките на мерките чија цел ќе биде да се победи епидемијата.