Ана Винтур по разводот од милионерот си најде утеха во друштво на познат актер

Познатата модна уредничка Ана Винтур неодамна се разведе од милионерот Шелби Брајан, кој се врати кај поранешната сопруга, а таа, како што пренесуваат странските медиуми, утеха најде во друштво на британскиот актер Бил Наџи.

Ана Винтур, како што се наведува, засега не ја коментирала врската со седумдесетгодишниот Британец, ѕвездата на романтичната комедија „Всушност љубов“.

 

Бил Наџи никогаш не бил во брак, а тој ја следел Ана на сите јавни и приватни настани последните неколку години, а наводно се познаваат многу подолго, но тоа го чувале во тајност.

Во јануари оваа година тие беа заедно на модна ревија во Париз.

„Не се сеќавам кога последен пат толку блескав на фотографиите“, рече минстериозно тогаш Винтур.