СЗО го пријави апсолутниот дневен рекорд во бројот на новозаразените со коронавирусот

Светската здравствена организација (СЗО – WHO) го пријави апсолутниот рекорд во бројот на нови случаи на зарази со новиот коронавирус во светот во изминатите 24 часа, односно за саботата покажуваат ажурираните во неделата податоци.

Оваа агенција на Обединетите нации примила извештаи за 660.905 нови случаи во саботата. Претходниот црн рекорд, забележан во петокот, изнесуваше 645.410 новозаразените, а на 7-ми ноември имаше 614.013 нови случаи.

Во саботата американските филијали на СЗО го пријавија досега најголемиот број заразени во еден ден, 269.225 нови потврдени случаи.

Уште еден црн биланс, или „рекорд“, забележале во СЗО – првпат се пријавени над 9.500 смртни исходи три дена со ред: 9.928 во четвртокот, 9.567 во петокот и 9.924 во саботата.

Податоците на СЗО покажуваат дека од избувнувањето на пандемијата кон крајот на декември 2019 година, до денес има повеќе од 53,7 милиони потврдени зарази со коронавирусот, а од компликациите кои ги предизвикува починале вкупно 1,3 милиони луѓе.

Главниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус, во петокот предупреди дека „уште долг пат треба да се изоди“, додека коронавирусот не биде победен на светско ниво.