Пејачката Северина Којиќ на својот Инстаграм профил го одбележа Денот на сеќавањето на жртвите во Вуковар.
Денот на сеќавање на жртвите во Вуковар оваа година прв пат се одбележува како државен празник, а на својот Инстаграм профил го одбележа и Северина Којиќ.
Пејачката објави снимка од својот концерт и на жртвите од градот на хероите им ги посвети стиховите од својата хит песна „Grad bez ljudi“ од 2012 година.
„Vidjela sam grad bez ljudi, pobjednika kako gubi, anđele na stupu srama, djecu koja plaču sama…”, ги напиша Северина своите стихови во описот на објавата.
Нејзината објава предизвика лавина лајкови и реакции.
„Северина неверојатно, ме расплака, прекрасна емотивна изведба“, беше еден од мноштвото коментари.