Виктор Колар, агентот на чешкиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Чезли, Петр Чех, откри дека ќе седне на преговарачката маса со сите заинтересирани клубови доколку добие и најмал сигнал дека неговиот клиент повеќе не е дел од плановите на контроверзниот менаџер на “сините”, Жозе Мурињо.
„Веданш ќе остварам контакт со спортскиот директор на Барселона, Андони Зубизарета. Се што е потребно е да добијам информација дека Челзи повеќе нема потреба од услугите на Чех. Исто така ќе седнам на преговарачката маса и со раководните лица на Реал (М). Знам дека шпанските гиганти веднаш ќе реагираат доколку Чех добие дозвола за промена на клупската средина. Да не беше Ноер, сигурно и Баерн (М) ќе испратеше понуда за мојот клиент. Чех никогаш не би прифатил понуда од некој италијански клуб. Клубовите во Италија имаат сериозен проблем. Интерес за мојот клиент има покажано и ПСЖ, а постојано комуницирам и со челниците на Монако”, изјави Колар.