(ФОТО) Граѓаните масовно и истрајни во барањето оставка од Заев

На протестот во саботата напладне, мноштво граѓани пред зградата на Владата побараа оставка од премиерот Зоран Заев, по неговите последни изјави оцените како  јавно тргување со македонската историја, обезличување на сѐ што е македонско, граѓаните му порачуваат дека треба да си оди.

„Не за новото предавство“, беше една од пораките кои му ја испратија граѓаните. Тие со скандирање бараат оставка од Заев.

Големиот протест организиран од ВМРО-ДПМНЕ се одржа под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“!