Во Словенија во последното деноноќие со 1.751 тест потврдени се 480 нови случаи на зараза со коронавирусот, а од последици на инфекцијата починале уште 52 луѓе, објави во понеделникот словенечката врата којашто наведе дека сегашните мерки и натаму ќе останат на сила.
Поради помалиот дневен обем на тестирањата во недела, бројот на потврдените зарази е зналително помал отколку во саботата, но уделот на позитивните резултати е натаму висок, односно 27,4 отсто и е незначително помал во однос на 27,5 отсто од ден претходно.
Со последните случаи на коронаинфекции, Словенија од почетокот на епидемијата во февруари има досега регистрирано помалку од 87.000 случаи.
Четиринаесетдневната инциденца во моментов изнесува 972, а бројот на новите потврдени зарази не е намален во однос на состојбата од пред седум дена.
Со смртните исходи како последица од компликациите предизвикани од Covid-19 во последните 24 часа, вкупниот број исходи се зголеми на 1.796.
Во словенечките болници во моментов е хоспитализиран 1.301 пациент, а 196 се на одделите за интензивно лекување. Во изминатите 24 часа од болниците се отпуштени 44 паиценти.
„Сѐ уште нема услови за привремено попуштање на мерките, ниту според владиниот ‘семафор’, па мерките остануваат на сила“, изјави на прес-конференцијата во Љубљана, владиниот портпарол за кризата со коронавирусот, Јелко Кацин.
Во отвореното писмо што на Facebook го објави словенечкиот министер за здравство Томаж Гантар ги повика сонародниците доследно да ги почитуваат сите донесени мерки следните седмици, па и за претстојните божикно-новогодишни празници, и избегнување на ризичните контакти и собирања.
„Сѐ до примената на сигурна и ефикасна вакцина мораме со многу трпение да се погрижиме жртви на оваа болест, за која сѐ уште не знаеме доволно, има што помалку и да ја ограничеме економската штетата чиишто последици уште долго ќе ги чувствуваме“, напиша Гантар, истакнувајќи дека мерките на заштита мора да ги применува секој поединец, за епидемијата да биде ставена под контрола.
Според министерот, тоа сега го први „неодговорна“ мала група, па Словенија поради тоа има послаби резултатит во сузбивањето на епидемијата од другите земји кои ги применуваат сличните или истите мерки.
„Мерките коишто ги донесовме ги следат искуствата од многи други држави и се стручно втемелени“, а не се резулатат на леви или десни политики или на партискиот состав на владата“, порача Гантар.