Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, и главниот преговарач на Европската унија, Мишел Барние, објавија во четвртокот попладнето дека е постигнат „чесен и урамнотежен“ договор на Унијата со Велика Британија за идните меѓусебни односи.
„Имаме чесен и урамнотежен договор со Обединетото Кралство. Договорот ќе ги заштити интересите на Европската унија, ќе осигури праведен пазарен натпревар и предвидливост за нашите рибари“, изјави фон дер Лејен на прес-конференцијата во Брисел.
Барние, пак, истакна дека постигнатиот договор не ѝ ги овозможува на Велика Британија истите права коишто гимаше како членка на ЕУ.
„Ќе има навистина големи промени на 1-ви јануари. Тое е последица на брегзитот“, порача Барние.
Набрзо по објавата дека договорот е постигнат се огласи и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
„Сеопфатниот договор со нашиот сосед, пријател и сојуник е најдобриот исход за нашите граѓани и претпријатија. Во текот ан изминатите години ЕУ го покажа своето единство и решителнсоти во преговорите со Обедиентото Кралство и ќе продолжиме да го чуваме истото едиснтво“, рече Мишел.
Додаде дека сега е време Европскиот совет и Европскиот парламент да го анализираат договор кој го постигнале преговарачите.
Членките на ЕУ мора да ја одоброта привремената примена на договорот, а палраментот за тоа ќе одлучува во јануари, бидејќи веќе нема време тоа да го стори до крајот на оваа година
Лондон, исто така, изрази задоволство од постигнатиот трговски договор и идните односи со Брисел.
„Со овој договор е испорачано сѐ што ѝ беше ветено на британската јавност за време на референдумот во 2016 година и на општите избори минатата година. Ја вративме контролата над нашите пари, граници, закони, трговија и нашите риболовни води“, објави британската влада
Во соопштението се наведува дека договорот претставува „фантастична вест“ за семејствата и фабриките во сите делови на Велика Британија.
„Потпишавме прв договор за слободна трговија заснован на нулта царини и нулта квоти, што е некогаш постигнат со ЕУ. Договорот е најголем билатерален трговски договор потпишан со која било страна… Договорот исто така гарантира дека не сме повеќе во лунарна привлечност со ЕУ, не сме поврзани со правилата на ЕУ, не постои улога на Европскиот суд за правда и постигнати се сите наши клучни црвени линии за враќање на суверенитетот“, се истакнува во документот на британската вада.
Се потенцира, исто така, дека со постигнатиот договор Велика Британија „ќе има целосна политичка и економска независност“ од 1-ви јануари 2021 година.
„Го завршивме брегзитот и сега можеме целосно да ги искористиме фантастичните можности што ни се достапни како независна трговска нација, склучувајќи трговски договори со други партнери ширум светот“, соопшти Лондон.