Градската полиција на Нешвил, во американската сојузна држава Тенеси, во неделата открила кампер-возило од коe бил емитуван аудио запис сличен на оној кој се слушал пред експлозијата во центарот на градот во петокот на божикното утро, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Резерфорд на својата страница на Facebook.
Во објавата се истакнува дека во градот бил откриен фургон од кој се емитувало „аудио слично на она кое се слушаше пред експлозијата на Божик во Нешвил“. Возилото било паркирано пред минимаркет во источниот дел од градот. Полицијата спровела евакуација на околните објекти, блокирани биле сообаќајниците во областа во која бил забележан фургонот. Возачот е приведен, а во возилот не е пронајден експлозив, се вели во соопштението објавено ноќта кон понеделникот по средноевропско време.
Засега нема официјални потврди за тоа, а сѐ уште не е објавено ниту каков експлозив е користен во детонацијата во која се повредени само полесно три лица, но којашто предизвика големи штети во центарот на Нешвил, уништувајќи бројни возила и над 40 згради.
Воопшто, забележливо е отсуството на какви било други информации во врска со експлозијата, како и минималното информирање на американските медиуми во врска со истрагата.