Регистрирани сe 2.397 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со намалување од 3,0 отсто во однос на минатата седмица, според извештајот кој во неделата го објави Институтот за јавно здравје
Според седумдневниот извештај за периодот биле тестирани вкупно 14.111 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 8,4 отсто во однос на минатата недела.
Регистрирани сe 2.397 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со намалување од 3,0 отсто во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.089; 45,4 проценти), со неделна инциденца – 176,3/100.000. Највисока седумдневна инциденца од 238,5/100.000 е регистрирана во Ресен.
Процентот на позитивни од тестирани во периодот на известување се движи од 11 до 19, просечно 16, што претставува намалување од 3 прцоенти во споредба со минатата седмица.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=631, 26,3%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (n=446; 18,6%), 30-39 (n=422; 17,6%), 50-59 (n=403; 16,8%) и 20-29 (n=352; 14,7%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=31; 1,3%) и 10-19 години (n=112; 4,7%).
По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 5.785 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 29,7 отсто повеќе во споредба со минатата недела.
Во периодот на известување, пријавени се 79 смртни случаи од 23 града, со зголемување од 6,8 проценти во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 62 лицa биле над 60 години, 13 лица на возраст од 50-59 години, 3 лица на возраст од 40-49 години и едно лице од 30-39 години.