Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на присутните во воената база Ендруз дека ќе се врати на некаков начин и секогаш ќе се бори за нив.
Тој во базата, која кратко ја посетил пред да замине на Флорида, им порачал на граѓаните на САД дека се невероајтен народ, дека САД е голема земја и му претставувало чест што бил претседател.
-Ќе следам и секогаш ќе се борам за вас. Ќе слушам и ќе ви кажам дека иднината на оваа земја никогаш не била подобра. Довидување, ви благодарам и ќе се вратам на некаков начин, им порача Трамп на присутните.
Тој му се заблагодари на семејството и истовремено и посака на администрацијата се најдобро.
-Мислам дека ќе бидат успешни, имаат причина да направат нешто спектакуларно, нагласи Трамп.
На крајот од говорот, тој им посака на присутните добар живот и им порача: „Се гледаме наскоро“.
Потоа се поздрави со присутните членови на семејството и држејќи се за рака со својата сопруга Меланија влезе во воениот хеликоптер на пат кон Флорида.