Новиот албум „Тафталиџе шафл“ (Taftalidze Shuffle) на Влатко Стефановски е номиниран за наградата „Импала“.
„Тафталиџе шафл“ е еден од 25-те номинирани албуми од сите делови на Европа кој е во издание на најголемата дискографска куќа во регионот – „Croatia Records“
Номинацијата за најдобар албум е од страна на членовите на Регионалното здружение на независни дискографи (РУНДА).
„Оваа година списокот вклучува 25 врвни албуми. Ова е одличен начин да се посочат одлични музичари што доаѓаат од разни делови на Европа. 2020 година беше тешка година, но оваа листа на номинирани е „ветер во грб“ за добар почеток на 2021 година“, вели извршниот директор на „Импала“, Хелен Смит.
Меѓу номинираните албуми може да се сретнат различни музички стилови.
Посветено на неговото незаменливо Тафталиџе, како автор на музика, текст и аранжман се потпишува самиот Влатко на сите 9 песни кои ги носи албумот.