Фудбалерите на Шефилт Јунајтед, последниот тим на тебелата на англиската Премиер лига, во средата вечерта ја направија најголемата сензација во досегашниот тек од сезоната, откако во раммките од 20-то коло со 2:1 на гости го совладаа Манчеестер Јунајтед.
Манчестерските „Црвени ѓаволи“ направија огромен кикс на својот „Олд Трафорд“ и тоа во ситуација кога со победата на тимот кој собра само 5 бодови во претходните 19 кола можеа да го прескокната градскиот ривал Манчестер Сити и да го запоседнат самиот врв на Премиер лигата.
Шефилд Јунајтед поведе во 23 минута со колот на Кин Брајан, а Хари Мегваер успеа да израмни во 64 минута. Но екипата од Коркшир стаса до големата победа со голот на Оливер Барки во 74 минута.
Манчестер Јунајтед немаше пораз во националното првенство од 11-ти ноември минатата година, кога исто така дома беа поразени од Арсенал. Од тогаш четата на Оле Гунар Солскјер извојува 10 победи и трипати ремизираше. За Шефилд Јунајтед ова е само втората победа во тековната сезона во Премиер лигата, откако во 18-то коло на домашен терен со 1:0 го победија Њукасл.
Манчестер Јунајтед остана втор на табелата со 40 бодови или бод помалку зад Манчестер Сити кој има и меч помалку, и бод повеќе од третопласираниот Лестер Сити. Шефилд Јунајтед и натаму е последен 20-ти со само 8 бодови, десет помалку од местата кои гарантираат опстанок.
Претходно Евертон и Лестер Сити одиграа 1:1, а без голови заврши соочувањето меѓу Брајтон и Фулам.